Регион

Во Битола протести против отворањето на бугарски клуб со името на фашистот Ванчо Михајлов

Во Битола протести против отворањето на бугарски клуб со името на фашистот Ванчо Михајлов.

Сојузот на борците од Битола најавија протест против отворањето на клубот со „името на еден од најголемите експоненти на фашизмот и недвојбениот соработник на фашистичките главешини Хитлер, Мусолини, Анте Павелиќ и царот Борис III“. За денеска во Битола е најавено отворањето на клубот на Бугарите од Македонија културен центар Ванчо Михајлов, а за чие отворање предвидена е посета и на бугарскиот премиер Кирил Петков.

Според Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 со отворањето на овој клуб се врши промоција и рехабилитација на фашистичката идеологија, милитаризмот и антимакедонските политики од времето на Втората светска војна, се промовира историографски ревизионизам насочен кон негирање на Националноослободителната војна на македонскиот народ и нејзините придобивки во поглед на афирмација на македонскиот национален индивидуалитет и македонската национална држава и се врши навреда на македонското национално достоинство.

Бугарскиот премиер Петков денеска во Битола ќе го отвори клубот „Ванчо Михајлов“ заедно со потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева, кои, како што соопштуваат оттаму „ќе промовираат владини проекти на таа држава“.

Петков е прв бугарски премиер кој ќе престојува во Битола. Тој рече дека во Битола доаѓа да ѝ даде поддршка на бугарската заедница во Македонија.

Препорачуваме:

Температури над 41 и УВ – индекс 9

Стојне Митева

Почна собирањето потписи

Dimitar Micev

Бесплатни обуки за негователи на стари и лица со попреченост

Ване Трајков