• Sun. May 19th, 2024

Амбасада на Русија: Протерувањето на руски дипломати од Скопје е непријателски чекор

Амбасада на Русија: Протерувањето на руски дипломати од Скопје е непријателски чекор.

Непријателски чекор кој ќе има сериозно влијание врз односните меѓу Русија и Северна Македонија, вака Руската Амбасада во Скопје реагира на протерувањето на дополнителни шест руски дипломати од страна на Северна Македонија.

„Без да се најави реакцијата на руската страна на овој непријателски чекор, истакнуваме дека неговите последици ќе имаат сериозно влијание врз односите меѓу Русија и Северна Македонија. Посебно сакаме да нагласиме дека обвинувањата се целосно неосновани“, наведува руската Амбасада на својата официјална Фејсбук страница.

Во реакцијата на Амбасадата се наведува дека „руските дипломати никогаш не се мешале во внатрешните работи на Северна Македонија и не извршувале дејствија што ја прекршуваат Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година“.

Од Амбасадата наведуваат дека руската страна ќе преземе мерки, не нужно симетрични, но чувствителни, како одговор на овој чекор, како и на прогласувањето на петмина дипломати на Амбасадата „personae non grataе“ на 28 март годинава.

Северна Македонија на 28 март прогласи за персона нон грата петмина руски дипломати, а денеска дополнителни шестмина, поради, како што наведе МНР, извршувале активности што се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *