Регион Спорт

8 фудбалери од ФК Брера Струмица повикани за младите репрезентации на Македонија

Дури осум фудбалери од ФК „АП Брера Струмица“ се повикани за македонските младински репрезентации кои периодов имаат настапи во рамките на квалификациите за континенталните натпреварувања за фудбалери до 21 и 19 години.  Ова несомнено е потврда за потенцијалот што го нуди клубот  во однос на млади фудбалери кои може да се носат и со репрезентативниот дрес на Македонија.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија Драги Канатларовски за натпреварот против Молдавија во третото квалификациско коло од групата Ц ги повика голманот Марко Алчевски, Ване Крстевски како и напаѓачот Христијан Малески. Тие се на поширокиот список на Канатларовски, а имајќи ги предвид досегашните настапи не се исклучува можноста да бидат и во првиот состав за Молдавците. Квалификацискиот меч против Молдавија ќе биде одигран на 17. октомври, на стадинот Зимбру, во Кишинев, со почеток во 17:00 часот по локално време.

Во фудбалската селекција до 19 години селекторот Тони Јакимовски од нашиот клуб повика дури пет фудбалери кои ќе бидат на квалификацискиот турнит во Полска за пласман во елитната фаза против селекциите на Германија, Казахстан и домаќинот Полска. Повикани се голманот Љупче Џеков, одбрамбените фудбалери Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски и Ѓорѓе Џеков како и Мартин Ѓоргиевски

Младите до 19 години квалификацискиот турнир го отвора против домаќинот Полска. Овој натпревар е закажан на 11 октомври, со почеток во 16. часот. Во второто на 14. октомври играме против моќната репрезентација на Германија а во последното коло ќе се соочиме со селекцијата на Казахстан, на 17. октомври.

Препорачуваме:

Намален водостојот на Дојранското Езеро

Ѓ. K.

Излезноста во Струмица до 13 часот е 23 отсто

Стојне Митева

Социјална населба во месноста Чамлк. 100 куќи за дивонаселените граѓани во ромско-турската населба покрај транзитниот пат

Стојне Митева