Регион

Социјална населба во месноста Чамлк. 100 куќи за дивонаселените граѓани во ромско-турската населба покрај транзитниот пат

Социјална населба во месноста Чамлк. 100 куќи за дивонаселените граѓани во ромско-турската населба покрај транзитниот пат.

Општина Струмица од денес започнува со реализација на еден од најголемите проекти во заедницата. Од утрово се отпочна со расчистувањето на локацијата каде е предвидено изградба на новата социјална населба во Струмица. Имено, диво населената ромско – турска населба на влезот во Струмица на ул ,,Климент Охридски“ ќе биде дислоцирана , а семјствата кои имаат нелегално изградени објекти ќе добијат нов дом во населбата која ќе се изгради во близина на турските гробишта.

Костадинов денес информираше дека разговарал и со граѓаните кои во моментов живеат покрај транзитниот пат. Веќе биле запознаени со проектните активности.

Првата фаза од проектот е предвиден до крајот на оваа година . Социјалната населба во месноста Чамлк ќе опфаќа 3,34 хектари каде треба да се изградат 100 куќи со цел домување на граѓаните кои во моментов живеат во дивата населба покрај транзитниот пат

Препорачуваме:

„Струмица – ѕвезда под небото“ е новиот бренд на градот

Сузана Мицева

Гори касарната во Струмица

Dimitar Micev

„Ладниот Ланец” високо квалитетни и безбедни млечни производи