• Fri. May 17th, 2024

Намален водостојот на Дојранското Езеро

ByЃ. K.

Aug 25, 2023

За два сантиметра е намален водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа, само водостојот на Охридското Езеро е повисок од просекот за август и тоа за само еден сантиметар, додека нивото на Дојранското Езеро е пониско за 1,3 метри, а на Преспанското Езеро за 1,91 метар од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

За разлика од езерата водостоите на реките во земјава се благо зголемени или намалени во споредба со вчера. Најголемо зголемување на нивото од 31 сантиметар има реката Струмица на мерното место кај Ново Село, а најголемо намалување од осум сантиметри има Вардар кај Велес.

By Ѓ. K.