Регион

Градоначалникот Костадинов го посети населеното место Куклиш – завршени се повеќе активности

Денес градоначалникот Костадин Костадинов го посети населеното место Куклиш во кое се завршени повеќе активности од програмата за работа на Општина Струмица. Тој ги запозна претставниците на медиумите со завршеното оградување на паркот пред детската градинка, поставената нова мрежена ограда на метална конструкција со бетонски ѕид, санираната мрежа на постоечката ограда на градинката, извршената поправка и фарбање на металните клупи и замената на дрвените конструкции на 12 клупи, како и поставувањето 3 нови корпи за отпадоци.

Градоначалникот Костадинов ги спомена и поправените и исфарбани детски играчки во паркот, како и направената бетонска платформа за нова детска комбинирана играчка на гумирана подлога, а го најави и денешното започнување на градежните работи од втората фаза на изградбата на Домот на културата во Куклиш.

Покрај активностите во Куклиш, градоначалникот ги истакна и оние во Просениково и Сачево, уредувањето површина од 6.200 метри квадратни во Градско Балдовци, како и оградувањето на игралиштата во Рич и Просениково. Една од активностите кои следуваат во скорешна иднина е и изградбата на бетонска платформа и поставување нов летниковец во населеното место Вељуса.

Препорачуваме:

ЦИВИЛ во Струмица, Валандово и Гевгелија

Dimitar Micev

Сo 19 милиони денари ќе се реконструира и санира киносалата во Валандово

Ѓ. K.

Второ пријавување во средните училишта

Сузана Мицева