Регион

Учениците СОУ „Димитар Влахов“ ја освоија првата награда на најголемиот хакатон во светот ,,NASA Space Apss Challenge”

Средното општинско училиште ,,Димитар Влахов” викендот по втор пат беше домаќин на најголемиот хакатон во светот ,,NASA Space Apss Challenge”. Во силна конкуренција од голем број екипи од цела држава, натпреварувачите од училиштето ја освоија првата награда NASA Space 2023.

Од името на градоначалникот Костадин Костадинов и општина Струмица која финансиски го поддржа натпреварот, учесниците ги поздрави Елена Магеровска Паликарова заменик градиначалник и член на Советот на општина Струмица.

-Овој глобален хакатон „NASA Space Apps Challenge“, поддржан од страна на вселенската агенција НАСА, е настан кој заслужува почит и внимание, а вклученоста во него на нашата Струмица не прави сите среќни и горди. Токму нашиот град е дел од глобалната мапа на која се наоѓаат над 160 земји учеснички, со огромен број натпреварувачи, без разлика на нивната професионална ориентација.

Импонира податокот дека истовремено во временска рамка од 48 часа, во сите тие над 160 земји, натпреварувачите изнаоѓаа решенија за одредени проблеми поврзани со планетата Земја, соочувајќи се годинава со 31 предизвик. Тоа е за пофалба, како што се за пофалба и сите членови од тимот од СОУ „Димитар Влахов“ кој го организираа и реализираа овој хакатон, рече Магеровска Паликарова.

Препорачуваме:

Струмичките инспектори почна со зачестени надзори за заштита на воздухот – изречени казни

Средношколците од Валандово учеа за органско вино во Бордо, Франција

Сузана Мицева

Без сериозна цена тутунот ќе исчезне од нивите

Сузана Мицева