Регион

Фото – Младите социјалдемократи со турнир во мал фудбал, кондициски се загреваа за локалните избори

Во организација на ЛК на СДММ од Струмица, во спортската сала при СОУ ,, Димитар Влахов,, се одржа турнир во мал фудбал на кој учествуваа подмладокот на владеачката партија од Струмица, Ново село, Радовиш, Валандово, Штип. Се одиграа повеќе дуели а победник на турнирот беа младите социјалдемократи од Радовиш додека второто место им припадна на домаќините  тимот од Струмица додека третото место им припадна на социјалдемократите од Валандово.

,, Турнирот има за цел да го зајакне дружењето мегу младите на нашата партија преку спортот со можност тоа другарство да се продлабочи бидејки ни доаѓаат екипи од повеќе градови од истокот.Нашата идеологија не поврзува и мора да работиме за заедничко дејствување од градот на премиерот Зоран Заев,, подвлече  Димитар Тушев потпретседател на ЛК на СДММ од Струмица.

На прашањето дали тоа значи дека младите на СДСМ ,,кондициски,, се подговуваат за следните локални избори тие одговорија дека важно е другарството и дејствувањето за подобар живот на сите во земјава

Препорачуваме:

Ново Село доби донација од Полска за Домот на култура „Јане Сандански“

Фото: Санација на критичните точки на река Струмица

Догодина тројно повеќе пари за потикнување енергетска ефикасност кај домаќинствата