Спорт

Спартанците предводени од струмичани со три победи од Лигата на Европа

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја забележа и третата победа од Лигата на Европа. По победите над Азербејџан и Албанија, четата на капитенот, струмичанецот Никола Ѓоргиев беше убедлива и против Шведска. Скандинавците претрпеа пораз со резултат од 3:1. И во овој дуел блескаа браќата Ѓоргиеви а свое шоу имаше и младиот Филип Маџунков секогаш стандардниот  Александар Љафтов, искусниот  Владо Милев.  Тука беа Михаилов, Урдов, Наков сите струмичани кои се столбот на македонската репрезентативна одбојка.

Вториот турнир ќе биде во Албанија а целта на Македонија е пласман во Ф4 од Лигата на Европа и освојување на ова лига по минатогодишното сребро.

Препорачуваме:

Фото – Нова КУП титула за Академија Пандев – генерацијата 2003 го крена победничкиот пехар

Ване Трајков

Ролинг 08 го продуцираше вториот репрезентативец, мета на повеке евроклубови

Ване Трајков

„БЕЛАСИЦА НИЗ ИСТОРИЈАТА“ – нова рубрика на ФК Беласица

Ѓ. K.