Спорт

Струмички одбојкарски танц против Азербејџан за прва победа на Македонија

Дури шестмина одбојкари  од Струмица заиграа во дресот на македонската репрезентација во првиот меч од Европската лига против Азербејџан којго добија со 3:0 во сетови (25-19, 25-19, 25-20). Струмичкиот танц беше во вториот сет кога селекторот Балтиќ  им даде можност на едно место да зиаграт браќата Никола и Ѓорги  Горѓиеви, Александар Љафтов, Владо Милев, Филип Маџунков, Васе Михаилов и докажаа дека Струмица е расадник на вистински одбојкарски професионалци. Можност да заиграт чекаат и Марјан Урдов и Славе Наков исто така деца од струмичката одбојкарска школа.

Во групата освен Азербејџан се и селекциите на Албанија и Шведска. Македонија важи за фаворит со оглед на среброто од лани но тоа мора да го докаже и на терен. Целта и ова година е пласман и учество на Ф4 и нов атак на круната во Европската лига.

Препорачуваме:

Шевченко ќе му биде тренер на Пандев во Џенова

Сузана Мицева

Нови засилувања кај пандевци – за три дена тројца играчи потпишаа за Академијата

Видео- Никола Ѓоргиев пречекан како звезда во Полски Онико