• Sun. May 19th, 2024

Ново Село доби донација од Полска за Домот на култура „Јане Сандански“

Полска со 750 илјади денари ќе помогне во реконструкција на греењето во Домот на култура „Јане Сандански“ во Ново Село.

Информацијата ја објави градоначалникот Ѓорге Божинов кој на својот ФБ профил напиша дека денес го потпишале договорот со полскиот амбасадор во Македонија, Војциех Тицињски.

Од општината очекуваат со новиот систем на греење да се намалат трошоците за затоплување за 40 проценти.

-Вистинските пријатели на Општина Ново Село, помагаат тогаш кога е најпотребно, Денес потпишавме договор со Амбасадорот на Република Полска, Н.Е. Војциех Тицињски, за донација во износ од 750.000,00 денари за спроведување на Реконструкција на греење во Дом на Култура Јане Сандански, Ново Село. Со овој проект ќе се постигне енергетска ефикасност со намалување на трошоците за греење до 40%, во ек на моменталната енергетска криза и високата цена на електричната енергија, напиша градоначалникот Божинов на својот ФБ проил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *