Регион

Струмица, Богданци и Василево – најтранспарентни активни општини, Валандово најнетранспарентна

Центарот за граѓански комуникации ги објави резултатите од истражувањето за активната транспарентност на општините што значи објавување јавни информации на сопствена иницијатива. Биле анализирани сите 81 општина во земјава вклучувајки го и град Скопје. Центарот, направи анализа колку локалните самоуправи преку своите интернет страници, јавни гласила, даваат информации од своето работење на јавноста без да им биде побарано.

Акцент било ставено, колку локалните самоуправи го истакнуваат пристапот до информациите, нудат информации за услугите и надлежностите на општините, финансиската и буџетската транспарентност но и информации за специфичните надлежности на општината.

Според овие критериуми најдобар индекс на транспарентност во Југоистокот има општина Струмица со 82,1 процентен поен. Освен Струмица како најдобри се споменуваат Богданци со индекс од 79.1 процентен поен на транспарентност и Василево со 74,6 процентен индекс. По нив следуваат Гевгелија, Ново село, Радовиш. Дојран, Босилово Конче а најслаба активна транспарентност во Југоисточна Македонија има општина Валандово со 17,9 процентен индекс.

За Герман Филков општините се потранспаренти од министерствата но најголем проблем и понатаму се објавувањето на информации за буџетската и финансиската транспарентност. Општините многу ректо на своја иницијатива објавуваат информции за огласите за јавни набавки, тендерските докуметнации за огласите, и известувања за склучени договори . На ниво на Македонија најтрансапрентна е општина е Крива паланка која на својот сајт нуди најмногу информации .

Препорачуваме:

Вкупната бројка на хоспитализирани со ковид во земјава падна под 100

Граѓански новинар: Кафулињата и продавниците ја узурпираа цела јавна површина во Струмица

Сузана Мицева

Објавена Програмата на Струмичкиот карневал 2023

Ване Трајков