• Thu. May 16th, 2024

Вкупната бројка на хоспитализирани со ковид во земјава падна под 100

By

Jun 14, 2021

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје e хоспитализиран еден нов пациент

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 99.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје e хоспитализиран еден нов пациент. Вкупно 34 лица сомнителни и потврдени за ковид – 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Пациентот е примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.

Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 65 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти,во болницата во Штип 5, на инфективното одделение во Тетово има 3 пациенти, во Велес се лекуваат 6, во Куманово 15, во ковид -центарот во Охрид има хоспитализирано 6 пациенти, во Прилеп 3, во ковид-центарот во Гостивар 8, во Струга 4, во Струмица 9 пациенти и во Кичево 2. Во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирани со ковид.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

извор:https://360stepeni.mk/vkupnata-brojka-na-hospitalizirani-so-kovid-vo-zemjava-padna-pod-100/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *