Граѓански новинар Регион

Граѓански новинар: Кафулињата и продавниците ја узурпираа цела јавна површина во Струмица

Струмичките тротоари се узурпирани од кафулиња и трговски продавници. Граѓани со силни раекции на апликацијата на канал ВИС Граѓански новинар испратија фотографии во кои се гледа дека целиот простор на улиците во централното градско подрачје се зафатени со маси и друга опрема на угостителските и трговските објекти. Најкритично е на улиците „Ленинова“, „Младинска“, „Братство и единство“, но и на градското корзо. Граѓаните бараат општинската власт да реагира и комуналните инспектори почесто да вршат контроли. Во реакцијата до канал ВИС, граѓанин вели дека лица со попреченост морале да се движат по коловозните ленти, затоа што тротоарите се зафатени со маси и трговска стока.

Градоначалникот Костадинов на еден од состаноците на Локалниот совет за превенција рече дека ќе се реагира доколку некој трговски субјект го надминал отстапениот простор со дозвола на општината и узурпирал и друга јавна површина.

Препорачуваме:

Судска медицина: Обдукцијата на 26 годишното момче не е завршена, се прават анализи

Сузана Мицева

Почна откупот во Струмичко, Басмак тврди дека се откупува по цени од прва и втора класа

Ване Трајков

Струмичани ги опустошуваат маркетите – празни полици и покрај препораките да не се трупат залихи и да не се реагира импулсивно

Сузана Мицева