Регион

Почна откупот во Струмичко, Басмак тврди дека се откупува по цени од прва и втора класа

Во Струмичко денеска почна откупот на тутунот од годинашната реколта. Првите колични тутунопроизводителите ги предадоа на четирите отупни пунктови, кои први почнаа со откуп, од вкупно десет колку ќе бидат отворени во овој регион.

Според информацијата од Марјан Трајков, претседател на Здружението „Басмак“ од село Василево,првиот ден се откупува тутун од прва и втора класа по просечна цена од 270 денари за килограм.

-Тутунот е со добар квалитет и се надеваме дека од откупните цени тутунарите ќе бидат задоволни и секако очекуваме повисоки откупни цени од лани, рече Трајков.

Додаде дека годинава производството е намалено во споредба со лани за околу 20 отсто и се очекува во Струмичко да бидат предадени околу еден милион килограми тутун.

Препорачуваме:

Новогодишната магија пристигна во нашиот град, Струмица блесна во полн сјај

Ѓ. K.

Нула отпад донираше приколица за собирање отпад на општина Босилово

Ване Трајков

Премиера на филмот „Недела“ за Џеј Рамадановски во НУЦК „Антон Панов“ Струмица

Ѓ. K.