Спорт

Ексклузивно видео – Мајстории на Кирил Панов во дресот на шпански Тера Алфас

Струмичанецот Кирил Панов кој две сезони настапува за шпанскиот тим ,,Тера Алфас,, се смета за еден од најперспективните кошаркари кои се дојдени во ова кошаркарска веле сила.  Лани  ова 16 годишно момче  кој е и македонски репрезентативец, беше прогласен за најдобар играч – кадет на турнирот Бенидорм . Тој со својата реализација е столб на играта на кадетскиот состав  на Шпански ,,Тера алфас,, каде настапува и за јуниорите. Со кадетскиот состав  лани се пласираа во завршницата на кадетскиот шпански шампионат и го осовија 11 место што е историски најголем успех за клубот. Во продолжение ексклузивно видео од настапите на Панов во дресот на Тера алфас од повеќе аспекти. Младиот струмичанец во ланската сезона имаше просек по 23,5 поени, 7 асистенции, 6 скока и по 4 украдени топки по натпревар… Во сеудмминутното видео  гледајте ги мајсториите на Панов – реализација од повеќе позиции , асистенции во нападот , игра во одбрана……Гледајте и уживајте

Препорачуваме:

Над 300 учесници на „Струмица на улица“

Сузана Мицева

Велигденски турнир во мал фудбал во Василево

Повлечена суспензијатa за КК Струмица, утре струмичани против Гостивар во Купот

Ване Трајков