Македонија

СЗО: Не е точно дека Северна Македонија има највисока стапка на смртност во регионот

Шефицата на Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во земјава, Џихан Тавилах, изјави дека Северна Македонија е меѓу земјите кои се најтранспарентни во споделувањето на бројките и статистиката во однос на заразените, починатите и излекуваните од Ковид-19, пренесе Макфакс

„Изјавата дека Северна Македонија има најголема стапка на смртност во регионот навистина не е точна изјава. Знам дека Северна Македонија е меѓу земјите кои се најтранспарентни во споделувањето на националните бројки и статистиките“, објаснува Тавилах.

Според неа, тоа се отсликува во регистрирањето и пријавувањето на секој смртен случај заради Ковид-19.

„Јас знам дека Северна Македонија прави и посмртен тест за луѓето кај кои треба да се утврди причината за смртта, кога тоа не е јасно. Тоа што можам да го кажам е дека треба да бидеме многу внимателни кога ги споредуваме земјите, заради можните разлики во начинот на кој се собираат податоците и треба да се знае дека нема секогаш иста конзистентност на податоците за смртните случаи меѓу земјите“, вели претставничката на СЗО, која потенцира дека Северна Македонија ги следи правилата за регистрирање, а сите контакти со потенцијалните случаи или потврдените случаи се откриваат, тестираат, изолираат и третираат според потребите.

Препорачуваме:

Саборот на СПЦ денеска се очекува да се произнесе за признавањето на МПЦ ОА

Ване Трајков

Македонија ќе има влада најдоцна до средината на јануари

Сузана Мицева

Приведени дилери на Бит Пазар