• Wed. May 15th, 2024

Македонија ќе има влада најдоцна до средината на јануари

Најдоцна до средината на јануари Македонија треба да има нова влада. Оставките на премиерот Зоран Заев и на министрите ќе бидат депонирани в среда по што ќе треба да се изберат нови кадри. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, смета дека сѐ ќе биде завршено во уставните рокови.

„Најдоцна до средината на јануари. Во почетокот од јануари нема состанување на Собранието поради верските и новогодишните празници. Во рамките на уставните рокови очекувам тоа да заврши кон средина на јануари“, изјави Османи.

Прашан дали сака да остане министер за надворешни работи, тој не одговори конкретно. Но, посочи дека Министерството треба да продолжи со остварување уште поголеми успеси.

„Мислам дека во овој процес работевме многу во изминатата година. Министерството за надворешни работи постигна големи успеси. Надворешната политика има и други приоритети, освен ЕУ. Но, се разбира, има напредок и во разговорите. Сметам дека треба да се продолжи во таа насока“, рече Османи прашан дали сака да остане на функцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *