• Sun. May 12th, 2024

Царовска нема да биде дел од новата влада

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, нема да биде дел од новата влада.

„Во изминатите пет години заедно со мојот тим испорачавме политики во интерес на граѓаните. Продолжувам да се борам и да ги застапувам истите вредности, истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и силата на жените и младите“. Ова го рече денеска Царовска по посетата на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на 17 декември кажа дека нема да биде дел од новата Влада. Но, и дека нејзината партија не ги разбрала пораките од јавноста кои доведоа до пораз на локалните избори. Затоа нема да учествува во новата Влада.

„Пред 8 месеци, најавив дека ќе се повлечам од раководството на СДСМ бидејќи не се согласував со дел од политиките. Можеби сум субјективна, но дел од тие политики придонесоа за поразот на локалните избори. За жал, мојот впечаток е дека од тие лекции не научивме и дека некои од пораките на јавноста. Не ги чувме или не ги разбравме. Затоа, мислам дека единствена чесна и принципиелна одлука би била да кажам дека нема да учествувам во следната Влада“.

Новиот коалиционен партнер во владата, Алтернатива во саботата соопшти дека  Хусни Исмаили за потпретседател на Собранието. Беким Сали за министер за здравство, се дел од листата носители на јавни функции што усвоило Централното претседателство. Пратеникот Исмаили беше поранешен министер за култура. Стоматологот Беким Сали е партиски генерален секретар и беше кандидат за градоначалник на Чаир на локалните избори на 15 октомври.

Како што соопшти Алтернатива, партијата ги потврди и следниве функционери: Адмирим Алити за министер за информатичко општество и администрација. Џемаил Чупи за министер без ресор одговорен за дијаспората. Лулзим Алиу за заменик министер за Образование и наука, Абдулшиќир Абедини за заменик министер за земјоделство. Даим Лучи за заменик министер за култура, партискиот портпарол Орхан Муртезани за директор на МЕПСО. Амир Елези за директор на Клиничката болница во Тетово, Дритан Беџети за директор на ПИОМ. Мубекир Палоши за директор во АД „Железници на Македонија – Транспорт“, Блерим Абази за директор на Управа за водење на матични книги, Беким Емини за директор на Агенција за странски инвестиции.

Деновиве ќе бидат објавени и другите имиња за вкупно 47 функции кои биле избрани на партиската седница. Алтернатива овие функционерски места ги доби како дел од договорот меѓу лидерот Африм Гаши и премиерот Зоран Заев при договарање на новото парламентарно мнозинство за коалицијата СДСМ, ДУИ и Алтернатива.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *