• Wed. May 15th, 2024

Одбележана 19 – годишнината од смртта на бранителот Атанас Јанев

Денес пред споменикот на загинатите бранители во Струмица, беше одбележана 19 – годишнината од загинувањето на Атанас Јанев припадник на Министерството за внатрешни работи.

На денешен ден во 2001 година во операцијата за ослободување на селото Арачиново загина Атанас Јанев, заедно со уште двајца негови колеги од полицијата.

Пред споменикот на загинатите бранители цвеќе положија членови на семејството Јаневи, градоначалникот на општина Струмица г. Коста Јаневски со членови на Советот на општина Струмица, Началникот на СВР-Струмица г.Васил Тодоров и дополнителниот заменик Началник на СВР-Струмица г.Танчо Пројковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *