Регион

Се поставува нов канализационен крак во Пиперево по што ќе следи асфалтирање на улица

Општина Василево заедно со ЈПКД Турија пристапија кон проширување на канализационата мрежа во населеното место Пиперево . Градежната механизација на комуналното претпријатие почна со ископ и поставување на нов крак од фекалната канзализациона мрежа на која може да бидат приклучени нови 50 тина домакинства од ова населено место. До крајот на месецов треба да бидат реализирани сите работи од кракот кој ќе биде во должина од 380 метри по што ќе следи асфалтирање на улицата. Станува збор за активности кои се планирани согласно годишните програми на општината

,, Се надевам дека временските прилики ќе дозволат да го поставиме овој нов канализационен крак во Пиперево по што ќе започнат работите и за асфалтирање на улицата каде во моментов се работи. На овој начин овомзожуваме да се приклучат нови домакинства на канализационата мрежа, се во функција на подобрување на животната средина и условите за живот на жителите од ова село,, кажа градоначалникот на Василево Марјан Јанев

Општина Василево во интерес на жителите од населените места каде има канализациона мрежа во мај ја намали цената на приклучокот од 18 на 14 илјади денари. Паралелно интензивно се работи и на канализационен крак во турското маало во општиснкиот центар Василево

Препорачуваме:

Премиера на претставата „Корени“ на струмичката гимназија во режија на Кире Ѓоргиев

Сузана Мицева

Општина Гевгелија ќе се вклучи во кампањата на СОС Детско село за згрижување деца

Сузана Мицева

Високи температури уште денес и утре, од петок заладување

Стојне Митева