• Wed. May 15th, 2024

Половина миолион евра штети од јулските поплави во струмичко

Повеќе од половина милион евра е процената на штетата што ја направи невремето во струмичко на почетокот од јули. Најпогодена е индустриската пиперка, ајварка. Според проценките на комисијата формирана од општина Струмица, повеќе од половина од уништените посеви се под ајварка, односно 61 хектар од вкупно 102 хектари.

Невремето од седми јули, проследено со дожд, град и силен ветер, направи огромни штети за нешто повеќе од еден час. Најпогодени беа населените места Сачево, Муртино и Дабиље.

Како резултат на климатските промени, овие временски непогоди се очекува да бидат честа појава. Како мерка за справување со овие промени, министерството за земјоделство планира наредната година да постави градобијни системи на околу 180 локации во државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *