Регион

Високи температури уште денес и утре, од петок заладување

Високи температури уште денес и утре, од петок заладување

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 42 степени.

Струмица и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 40 степени.

Потоа и утре ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Од петок под влијание на посвежа воздушна маса ќе има намалување на температурите и истите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.

Ќе дува и умерен ветер од северен правец кој Долж Повадарието повремено ќе засилува, а ќе има услови и за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.

Препорачуваме:

Струмица беше град-домаќин на Работилницата за релевантни јавни органи, бизнис ангели и здруженија

Ѓ. K.

Шестмина ловџии останаа без ловечките пушки- полицијата одзеде осум ловечки пушки кај ветерниците во Богданци

Сузана Мицева

Наместо вистински „Патриотизам“, дежурните кочничари на развојот упорно ни нудат евтин „Моронизам“!