• Wed. May 22nd, 2024

Струмица беше град-домаќин на Работилницата за релевантни јавни органи, бизнис ангели и здруженија

ByЃ. K.

Apr 12, 2024

Денес Струмица беше град-домаќин на Работилницата за релевантни јавни органи, бизнис ангели и здруженија/мрежи за имплементација на предложените програми/мерки за поддшка на бизнис ангели.

Во присуство на претставници од Министерство за Економија и од Општина Струмица, како и претставници од бизнис секторот, тим лидерот на проектот, експертот Вељанд Рамадани, зборуваше за бизнис ангелите и за нивниот концепт, оперативен модел и инвестициски процес, за мрежите на бизнис ангели, синдикати и коинвестициски фондови, како и за програмите и мерки за поддршка на инвестициите на бизнис ангелите.

Инаку, бизнис ангелите се докажани претприемачи кои ја имаат улогата на инвеститори во бизнис идеи кои ветуваат, најчесто во млади стартап компании кои со своето делување покажуваат капацитет за растеж на претприемништвото.

By Ѓ. K.