• Thu. May 16th, 2024

Комуналец започна со садење дрворед покрај каналот во Градско Балдовци

ByЃ. K.

Apr 12, 2024

ЈПКД „Комуналец“ во соработка со Општината започна со садење на дрворед покрај каналот во Градско Балдовци.

Дрворедот е во должина од 600 метри и се засадени шеесетина јаворови дрвја.

„Да се однесуваме одговорно и да не ги уништуваме новите садници кои за неколку години секако значително ќе го подобрат изгледот и ќе овозможат почист воздух во овој дел од населеното место“, порачуваат од Комуналец.

By Ѓ. K.