Регион

Шестмина ловџии останаа без ловечките пушки- полицијата одзеде осум ловечки пушки кај ветерниците во Богданци

Шестмина ловџии останаа без ловечките пушки откако во претрес вчера полицијата им ги одзеде кај рампата за ветерниците Богданци.

Во периодот од 04:00 до 08:00 часот, на подрачјето на сите Сектори за внатрешни работи, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција извршиле контрола во реоните каде се врши ловство.

При контролата, со која биле опфатени 132 локации, биле констатирани шест кривични дела „незаконит лов“ по член 228 од Кривичниот законик и еден прекршок по член 83А од Законот за оружје.

Во 06:00 часот во Богданци, кај рампата за ветерници, шест лица биле затекнати при незаконит лов и од нив биле одземени осум ловечки пушки и повеќе парчиња патрони и муниција. Притоа:

– од Љ.Ш.(60) од с.Стојаково била одземена ловечка пушка „BAIKAL“ и 18 патрони калибар 12мм;

– од Т.Т.(35) од Богданци биле одземени две ловечки пушки „BAIKAL“ и 15 патрони 12 мм;

– од В.Б.(47) од с.Ѓавато биле одземени ловечка пушка „BAIKAL“ и 26 патрони 12 мм;

– од К.Б.(37) од с.Ѓавато биле одземени ловечка пушка „Бергара“ и 18 куршуми калибар 30-60 и

– од Л.П.(32) од с.Ѓавато биле одземени ловечка пушка „Huglu“ и 17 патрони калибар 12 мм.;

– од П.Ѓ.(42) од Валандово биле одземени ловечка пушка „BAIKAL“, ловечка пушка „Чешка Збројевка“, 15 патрони и 19 куршуми.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Препорачуваме:

Мерките за заштита од климатските промени во земјоделството се скапа но исплатлива инвестиција, вели Ѓоргиевски од Мрежата за рурален развој

Dimitar Micev

1083 барања за легализација на дивоградби чекаат во о.Гевгелија

ТК Прилеп ќе го откупи тутунот

Ване Трајков