Регион

Кузмановска: Мора да има топли болници за пациентите-ќе се крати од други трошоци

Мора да се направат измени во приоритетите затоа што граѓаните треба да се лекуваат во топли болници. Вака одговори директорката  на струмичката општа болница, доктор Катерина Кузмановска на прашањето како ќе се справуваат со високите сметки за греење во екот на енергетската криза. Минатата година гасификацијата беше голема вест за општа болница Струмица. Наместо со мазут кој многу чинеше и имаше обвинувања дека го загадува амбиенталниот воздух на градот,  пристигна гасот и болницата почна да бележи и заштеди во потрошувачката, но годинава со енергетската криза, работите се драстично променија.

Доктор Кузмановска вели дека од ковидот наваму има многу предизвици во работењето на болницата, но, засега се справуваат иако тоа предвидува не само штедење и прекројување на буџетот, туку и максимален ангажман на вработените.

Гасификацијата на болницата чинеше околу 7 милиони денари, средства од државнот буџет.

Препорачуваме:

Грците во Гевгелија ги има но не во толкав обем како пред пандемијата, велат гевгеличани (видео)

Ване Трајков

Видеo: Се намалуваат цените на тестенините и млечните производи

Ване Трајков

За да нема масовни отпуштања, државите да продолжат со економската поддршка

Стојне Митева