• Thu. May 16th, 2024

Општина Гевгелија ќе се вклучи во кампањата на СОС Детско село за згрижување деца

И општина Гевгелија ќе се вклучи во кампањата на СОС Детско село за згрижување деца. Ова беше кажано на денешниот состанок на градоначалникот Андон Сарамандов и претставници од СОС Детско село. Според договореното, нНа 17 јуни 2022 година, во општина Гевгелија, ќе се спроведе кампања за подигање на свеста и информирање за значењето и бенефитите на Програмата за згрижување деца.

На состанокот присуствуваа и претставници од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа- Гевгелија и Одделението за социјална, здравствена, детска и други заштити, култура и спорт.
           Целта на состанокот беше запознавање со целите на проектот „Право на семејство- Унапредување на системски недостатоци- Поддршка на реформите во системот на заштита на децата“ преку кој СОС Детско село ја организира кампањата и придобивките од нејзиното реализирање. Со цел да се зголеми бројот на потенцијални згрижувачки семејства кои соодветно ќе одговорат на потребата од згрижување деца, како и достапни, квалитетни, социјални услуги за поддршка на децата и семејствата во ризик. Општина Гевгелија ќе биде една од 25 општини, домаќин на јавниот настан за спроведување на кампањата на СОС Детско село.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *