Регион

Тетовска фирма неуспешно го реконструирала покривот во ОУ „Петар Мусев“ во Богданци за 10 милиони денари

Тетовска фирма неуспешно го реконструирала покривот во ОУ „Петар Мусев“ во Богданци. Чеитри месеци по реконструкцијата, покривот протекува а две училници се надвор од употреба поради штетите што се направени од протекувањето. Советникот од Левица, Михаил Тодоров, на седницата на советот на општина Богданци, праша дали некој ќе понесе одговорност, односно дали фирмата ќе одговара и надомести за направената штета.

„Сведоци сме дека и после 120 денови од реконструкцијата, покривот протекува, а поради овие околности, две училници се оштетени и некорисни, новите тавански решенија оштетени, влагата е поприсутна, отколку пред реконструкцијата, и ред други негативни последици на обејктот. Со лошата реконструкција од страна на фирмата „Бетонида Дооел“ увоз-извоз Тетово, е причинета дополнителна финансиска штета врз училишниот објект за која некој ќе треба да одговара.

Затоа на состанокот кој ќе се одржи наредната недела, побаравме советниците да увидат каква е состојбата и директно да учествуваат при средбата со изведувачот, надзорот и претставникот од МОН. Децата не заслужуваат да се едуцираат и воспитуваат во училиште кое протекува, кое мириса на влага и влијае на нивното здравје“, рече Тодоров.

Директорот на училиштето рече дека е во постојана комуникација со компанијата и очекува наредните денови да дојдат и да го решат проблемот. Според изјавите од компанијата, се чекало поволни временски услови.

Реконструкцијата на покривот чинела 10 милиони денари.

Препорачуваме:

Се бара изчезната девојка Мануела Пандева

Dimitar Micev

Спасовски: „Детска недела” во Одделенијата за внатрешни работи во Берово и Радовиш

Ѓ. K.

Рекреацијата на св.Илија да се сведе на минимум,апелираат од Општинскиот штаб заштита и спасување

Стојне Митева