Регион

Рекреацијата на св.Илија да се сведе на минимум,апелираат од Општинскиот штаб заштита и спасување

Општинскиот штаб за заштита и спасување апелира до граѓаните на општина Струмица за најсериозно почитување на мерките за заштита од корона вирусот донесени од Владата на Република Северна Македонија.
Излегувањето од дома да се сведе на минимум, односно, само за најнеопходните потреби, да се избегнува собирање во групи и да се зголеми личната и општа хигиена.
Во овие вонредни околности, посебно им се препорачува на граѓаните да се откажат од рекреативните движење по трим патеката до манастирот Свети Илија, една од омилените дестинации на струмичани за рекреација.
Да се воздржиме од групирања и меѓусебни контакти, да ги спречиме сите начини за ширење на корона вирусот, бидејќи само така ќе го заштитиме нашето и здравјето на нашите најблиски.

Препорачуваме:

6,1% ОД КОВИД ПАЦИЕНТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ПОЧИНАЛЕ ВО ВОНБОЛНИЧКИ УСЛОВИ

Стојне Митева

Избрани најдобрите селектирачи за месец март согласно проектот „Селектирај отпад“

Ѓ. K.

Од жена за жена, рурална мартовска кампања