Регион

СВР Струмица најави кривични уличните продавачи

По вчерашниот инцидент на булеварот Маршал Тито, СВР Струмица најави кривични за сторителите кои ги попречија и го одзедоа запленетито текстил. Од полицијата информриаа дека станува збор за редовни акции за санкционирање на нелегалните продавачи на текстил, кои се поставуваат на тротоарите од булеварите „Ленинова“ и „Маршал Тито“ во Струмица, со што вршат узурпирање на сообракајни површини.

,,Ваква активност во координација со ДПИ била преземена и на 15.02.2022 година на булевар „Маршал Тито“ во Струмица, при што била одземена текстилна стока од такви продавачи на текстил, но групата продавачи презеле дејствија со цел насилно да ја одземат стоката. Секторот за внатрешни работи Струмица презеде мерки за утврдување на идентитетот на сите лица учесници во настанот и против нив ќе биде поднесена кривична пријава поради кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл. 384 од Кривичниот законк.,, стои во соопштението од СВр струмица

Преземањето на вакви мерки и активности беше еден од заклучоците донесени на претходните седници на Локалниот совет за превенција во Струмица и СВР Струмица во координација со Држвен пазарен инспекторат и во иднина ќе продолжи со истите со цел санкционирање на ваквите нелегални продавачи кои вршат и узурпирање на сообракајни и јавни површини.

Препорачуваме:

Матурантите се подготвуваат за државна матура

Dimitar Micev

Погребан доктор Георги Петков, гевгелискиот планинар што почина на Монт Еверст

Повеќе од 2000 струмичани се потпишале против промена на името. Според организаторите оваа бројка е незадоволителна

Dimitar Micev