Регион

Погребан доктор Георги Петков, гевгелискиот планинар што почина на Монт Еверст

Гевгелија се прости од планинарот со нескротлив дух Георги Петков, којшто почина искачувајќи го Монт Еверест. Вчера попладне неговите посмртни останки се погребани на гробишата во родното Стојаково. Телото на Петков пристигна пред два дена од Непал преку Катар на аеродромот во Скопје, кадешто го презедоа членови на неговото семејство. Претпладнето пред погребот колегите од општа болница Гевгелија одржаа комеморативна седница на којашто зборуваа за тридецениското професионално и приватно искуство со доктор Петков. Познатиот гевгелиски лекар, специјалист инфектолог и страстен планинар не успеа да биде шестиот Македонец кој го освои Монт Еверест, највисокиот врв во светот. Неговото срце престана да чука на висина од 7.200 метри надморска височина. Според агенцијата Франс прес, тој колабирал пред кампот три на непалската страна на врвот. Неговите сограѓани беа во шок од веста за неговата смрт, а локалните новинари коментираа дека Петков тргнал на искачување на Монт Еверест на 24 март и секојдневно добивале нови информации за неговиот поход.

Доктор Петков бил дел од експедицијата предводена од британскиот планинар и лидер за комерцијална експедиција, Тим Мосејдеј. Според медиумите гевгелискиот планинар е четврт починат оваа пролет при обид да го искачи Монт Евферест.

Препорачуваме:

„Ларингитис“ кај децата и како да ги заштитиме

По затворањето на Глобал – продажбата на земјоделски производи на Чешел

Ване Трајков

Гевгелија го чествуваше 100-годишниот јубилеј на фудбалскиот клуб „Кожуф“

Ѓ. K.