Регион

Ифтарска вечера во радовишко основно школо, инспекторатот гo истражува случајот

Ифтарска вечера се организирала во радовишкото основно училиште Крсте Петков Мисирков . Верскиот обред во образовна институција ги изненади радовишани кои побараа одговорност од надлежните. Државниот просветен инспекторат веќе пушти иснпекција во радовишкото школо а со официјален став ќе излегле идната недела

Засега нема информација кој дозволил да се одржи верски обред во холот на Општинското основно училиште Крсте Петков Мисирков во Радовиш. Јавноста со остри критики откако се појави снимка од ифтарска вечера со верско пење во училишниот простор . На видеото се гледат седнати ученици и повозрасни лица на училишни клупи кои ја слушат молитвата од оџата искачен на неколку скалила погоре подготвени за ифтарската вечера.

Директорката на Олгица Стојанова денеска не беше достапна да објасни кога се случувал верскиот обред во нејзиното училиште и кој дозволил. Од минитерството за образование и просветниот инспекторат информираа дека била испратена инспекција и по утврдување на фактичката состојба ќе излегле со официјален став. Од општината тврдат дека нив никој не ги информирал. Градоначалникот Конзулов беше изнеанден од видеото
„Со оглед дека не бев информиран и запознаен со настанот, од општинските служби побарав целосна и комплетна информација за случувањата во ООУ ‘Крсте Петков Мисирков’“, ни изјави градоначалникот Герасим Конзулов.
Законската регулатива забранува секаков вид верско организирање и дејствување во улилиштата. Неофицијално, верскиот обред се случувал синоќа после 19 часот, иако пред неколку дена во Радовиш се организирала ифтарска вечера на која присуствувале возрасни припадници од муслиманската вероисповед.

Препорачуваме:

НУ ЦК „Антон Панов“-Струмица засега останува со в.д. директор

Ване Трајков

Шваjцарски искуства и знаења за медицинарите во Димитар Влахов – Струмица

Ване Трајков

Нови ригорозни мерки: Да се затворат кината, театрите, кафулињата со работа до 18 часот

Ване Трајков