• Wed. May 15th, 2024

Видео – Во интерес на домакинствата го намаливме приклучокот за канализација , вели градоначалникот на Василево Марјан Јанев

Советот на општина Василево  донесе Одлука со која изврши намалување на цената  за приклучок на системот за канализација за физичките лица.  Новата цена изнесува 14 000 денари  наспроти досегашниот износ од 18 000 денари.

„ Очекуваме оваа одлука да ги даде очекуваните резултати а тоа е приклучување кон  системот за канализација на сите оние домаќинства за кои се створени услови за користење на оваа услуга, рече меѓу другото градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев

„Една од причините поради која дојде до намалување на цената се последните пресметки направени од страна на службата во ЈПКД „Турија“, Василево. Со последниот тендер добиена е и пониска цена за материјалите што ЈПКД „Турија“ ги користи при поставувањето на приклучокот, кое нешто директно влијае на крајната цена.  Друг исто така битен момент кој ни дава за право да очекуваме зголемен интерес после ова намалување се и барањата за пониска цена што редовно ни беа упатувани од страна на граѓаните на сите наши досегашни средби“, прецизираше градоначалникот Јанев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *