• Sat. May 18th, 2024

Последниве пет- шест години преполовено е говедарството на Југоистокот

Говедарството во Југоистокот преполовено во последните пет шест години. Според податоците на Државниот завод за статистика, во регионот во 2011 година се одгхледувале околу 65 илјади говеда, а во 2016, близу 26 илјади.

Позитивен тренд има кај ситниот добиток кај овчарството каде од околу 59 илјади грла во 2011, пикот го има во 2014 кога во регинот се одгледувале над 100 илајди грла овци, а во 2016 тој број паѓа на околу 90 илајди. Слична е состојбата со пшозитивен тренд и благ пораст на грлата кози, кои во 2016 година броеле 26.500.

„Оваа година за 10 отсто ги зголемивме субвенциите по грло за сточарите со развоен потенцијал, а со петгодишната Национална Програма од 2019 година, ќе стимулираме производство на квалитетно млеко. Исплатата на субвенции ќе биде согласно класата на суровото млеко, и тоа за екстра класа 4 денари по литар итар, за I и II класа 3,5 денари по литар.“ велат од ресорното министерство.

Земјоделците кои лани ги зголемиле своите стада или формирале нови до крајот на месецот можат а аплицираат за добивање на пари од „Програмата за рурален развој“ соопшти Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството.Со овие средства, се наведува во соопштението, фармерите може да повратат од 50 до 75 отсто од вкупната инвестиција за оригинални или мелезни високостелни педигрирани јуници( со исклучок на јуници од расата „Буша“).

Исто така преку оваа мерка се признаваат трошоците за набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла овци, кози, оригинали или мелези на свињи( нерези и назимки), оригинали или хибриди од увоз или со потекло од признаени организации согласно Законот за сточарство.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *