Регион

Од полноќ имаме повисоки цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60 % во однос на минатата недела.

Врз основа на оваа одлука, од полноќ цените на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемија за еден денар за литар, а цената на „евродизелот“ (Д-Е V) се зголемува половина денар за литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,046 денари за килограм и сега ќе изнесува 46,491 денари.

Така, од 15 февруари од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– „евросупер БС-95“: 82,00 (денара/литар)
– „евросупер БС-98“: 84,00 (денари/литар)
– дизел-гориво „Евродизел БС“ (Д-Е V): 74,00 (денари/литар)
– екстра-лесно масло 1 (ЕЛ-1): 73,00 (денари/литар)
– мазут М-1 НС: 46,491 (денари/килограм)

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,804 % .

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 15.2.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

Препорачуваме:

Судските работници сеуште ги чекаат ветените пари од незаконски задржаните пари за време на штрајкот во 2016 година.

Стојне Митева

Управниот суд го поништи изборот на директор на Центарот за култура во Струмица

Експлозија на автомобил – бомба во Берлин

Dimitar Micev