• Thu. May 16th, 2024

Ковачевски смета дека повисока минимална плата и пензии ќе днесат повисок стандард на граѓаните

„Целта на оваа Влада е животниот стандард на граѓаните да расте. Затоа создаваме услови за одржлив раст како на минималната така и на просечната нето-плата, а воедно се подготвуваме да отвориме дијалог за раст на пензиите“, истакна премиерот Димитар Ковачевски во изјавата за медиумите по повод посетата на текстилната компанија „Текспорт“, која повеќе од 20 години работи во земјата.

Ковачевски, кој за време на посетата на оваа компанија беше придружуван од министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, изрази задоволство што од март годинава 80.000 работници, наши сограѓани, ќе земаат минимална плата од најмалку 18.000 денари, што е двојно повеќе од онаа во 2014 година.

„Ова зголемување значи дека дел од вработените и тука во оваа компанија ќе има повисока нето-плата за речиси 45 евра, а државата е тука за да помогне во реализација на законското решение со субвенционирање на делот врзан за придонеси, со што се олеснува процесот за сите засегнати страни“, нагласи Ковачевски.

Тој дополни дека со отворен дијалог се постигна историски договор за раст на минималната плата, како и методологија со која таа континуирано ќе расте.

„Дефиниравме дека висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57 % од просечната плата. Ова значи дека растот на минималната плата во иднина ќе биде возможен без дополнителни интервенции и очекуваме многу брзгу таа да ја надмине и сегашната договорена сума“, посочи Ковачевски и дополни дека верува оти решението за раст на минималната плата од 18.000 денари ќе влијае позитивно и на платите во другите индустрии.

Премиерот информира и за почнатиот процес за изработка на методологија за одржлив раст на пензиите, како и за пакетот финансиска поддршка за пензионерите.

„Се подготвуваме да отвориме дијалог за одржлив раст на пензиите, кој повторно ќе ги вклучи сите заинтересирани страни и кој ќе овозможи повисоки пензии“, истакна тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *