Македонија Регион

Стелт омикрон откриен уште кај двајца скопјани и струмичанец

Сѐ уште циркулира и Делта варијантата којашто е докажана кај 3 примероци (два се од Гевгелија и еден е од Велес ), а кај еден примерок е потврдена influenca  тип H3N2.

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје минатата недела се изврши секвенционирање на 41 позитивен примерок на SARS CоV 2, а кај 35 била докажана BA1 сублинијата на омикрон.

Кај 3 примероци беше докажана BA 2 сублинијата на омикрон позната и како „stealth“ омикрон (два од Скопје и еден од Струмица), потврдија од ИЈЗ.

Сѐ уште циркулира и Делта варијантата којашто е докажана кај 3 примероци (два се од Гевгелија и еден е од Велес), а кај еден примерок е потврдена influenca  тип H3N2.

Примероците биле одбрани од 29 јануари до 6 февруари. Претходно беа регистрирани петмина заразени со стелт омикрон во земјата.

Препорачуваме:

Од утре почнува етапната исплата на октомврсиските пензии

МЗШВ: Обезбедување на пласман на земјоделските производи

Стојне Митева

двајца малолетници, на 13 и 15 години краделе во стан на 73 годишник на „Ленинова“

Стојне Митева