• Sun. May 19th, 2024

МЗШВ: Обезбедување на пласман на земјоделските производи

МЗШВ: Обезбедување на пласман на земјоделските производи

Министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство и за надворешни работи периодов се максимално насочени кон обезбедување пласман на земјоделските производи кои се извезуваа во Русија и во Украина, соопшти денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

Како што рече Арсовски на прес-конференција, сите дипломатско-конзуларни претставништва се ангажирани да помогнат во изнаоѓање алтернативни пазари за овие производи што се извезуваа во двете држави.

-МЗШВ е во комуникација со ресорните министри во Европа и во регионот, со сите стопански комори, со економските партнери, со преработувачите на зеленчук и овошје, со цел да се одржи стабилноста на извозот и да има непречен пласман на секој земјоделски производ. Се разгледуваат сите опции и во делот на извозот како свежи производи или за преработки за домашната индустрија. Во оваа економска криза со која се соочува целиот свет, најважно е со здружени сили, заеднички со земјоделците, со извозниците, со откупувачите да ги разгледаме сите можни опции за пренасочување на извозот на други алтернативни пазари, истакна Арсовски, одговорајќи на новинарски прашања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *