Регион

Пазарен инспекторат го затвори клубот „Аватар“

Државниот пазарен инспекторат утрово го затвори клубот „Аватар“ во Струмица. Директорот на инспекторатот, Стојко Пауновски, за канал ВИС изјави дека одлуката е донесена поради тоа што клубот воопшто не смее да работи и сите клубови во државата работеле нелегално, бидејќи немаше дозвола од Владата како и протоколи од комисијата за заразни болести.

Сопственикот на клубот, во неделата рече дека саботната журка излегла од контрола. Тој тврди дека клубот функционирал како кафетерија, бидејќи на оваа локација е регистриран така, а објектот е од отворен тип.

Сепак, функционирањето со забави со голем број присутни и пречекорувањето на времето за работа, после 1 часот по полноќ, ги донесе пазарните инспектори на вратата на клубот. Пријава имало уште во петокот, кога е прекината забавата.

Клубот „Аватар“ работи од 10 јули. 

Пазарниот инспекторат реагирал и за клубови во Кавадарци, Прилеп и Виница.

Струмичката полиција, пак, воопшто не се појавила во клубот „Аватар“. МВР вели дека СВР Струмица не била запознаена со случајот. 

Препорачуваме:

Во 00:00 часот вечер завршува рокот за поднесување барања за субвенции за растително производство

Стојне Митева

Околу 60.000 евра додели Гевгелија за културата во 2023 година

Сузана Мицева

Нема да има музеј на струмичкиот плоштад

Сузана Мицева