Регион

Радовишанец загина во сообраќајна несреќа

Жител на Радовиш загинал во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер на патот Штип-Кочани, во близина на крстосница за село Кучичино.

Според информациите на МВР, во несреќата учествувале „фолксваген поло“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.З.(71) од Радовиш и автомобил „форд фокус“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(29) од Штип.

 

С.З. починал на местото на незгодата, додека Н.Р. се здобил со повреди и бил пренесен во Здравствена установа Кочани.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Кочани.

Препорачуваме:

Девет лица во Гевгелија не ги почитувале здравствените прописи за Ковид-19

Ване Трајков

Откуп на тутун – тутунарите незадоволни

Засилените контроли на шумските редари во координација со полицијата ги намалија дивите сечи

Стојне Митева