Македонија

Средба на Димитров со шефот на ОБСЕ/ОДИХР: Успешно спроведените избори даваат можност за формирање на влада летово

Министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари завршна средба со Лаима Андрикиене, Шеф на Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на предвремените парламентари избори на 15 јули, со цел размена на мислења за изборниот процес и изборниот ден, а согласно првичните наоди на мисијата.

Министерот Димитров изрази благодарност до ОДИХР за успешно спроведената набљудувачка мисија за предвремените парламентарни избори, реализирана во услови на пандемија, како дополнителна вредност на севкупниот изборен процес.

„Успешно спроведените избори даваат можност за формирање на политичка влада во текот на летото, којашто ќе се посвети на продолжување на клучните реформски процеси во државата, вклучително и надминување на слабостите на изборниот процес и неговата законска регулатива, согласно препораките на ОДИХР. И покрај отежнатите околности од пандемијата, граѓаните имаа можност врз основа на компетитивна кампања на политичките партии и слободните медиуми да донесат информирани одлуки и да ја изразат својата волја на демократски начин“, рече Димитров.

Тој потенцираше дека изборите беа организирани во согласност со европските стандарди и препораките од здравствените власти за заштита на здравјето на граѓаните, како основен прерогатив на Владата.

Шефот на набљудувачката мисија, Андрикиене, истакна дека изборите беа спроведени на ефикасен начин, земајќи ги предвид меѓународните стандарди и здравствените протоколи. Таа ги пренесе главните точки на прелиминарните наоди на Мисијата, како и очекувањата да продолжат реформите за подобрување на изборното законодавство и зајакнување на капацитетите на изборните органи.

извор: Макфакс

Препорачуваме:

Отворен нов јавен повик за сточарите

ВИДЕО: Правилната испорака на онлајн нарачките клучна во корона-кризата

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Сузана Мицева