• Mon. May 13th, 2024

Нема да има музеј на струмичкиот плоштад

Во просториите на Домот на АРМ во Струмица денеска се одржа повторена Јавна анкета за дел од Централното градско подрачје на делови од Блок 1 (УЕ1), Блок 30 (УЕ7), Блок 33 (УЕ4) и Блок 37/1 (УЕ5) во Струмица, со површина од 8,11 хектари.

Јавната анкета по истиот е отворена до 27.07.2022 година и во тој рок заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Градоначалникот Костадин Костадинов потенцираше дека за него приоритет е мислењето на граѓаните. „Музеј на градскиот плоштад нема да има, но ќе има реконструкција со многу зеленило и убави содржини за струмичани“ – кажа Костадинов.

Општина Струмица со измените на Деталниот урбаниситчки план за централното градско подрачје планираше да гради Музеј на плоштадот „Гоце Делчев“, кај Саат кулата и градскиот дисплеј, односно од кај предната страна на гимназијата „Јане Сандански“ со површина од околу 1000 м², на две нивоа. Но, по многуте реакции на граѓаните низ социјалните мрежи и по повторената јавна анкета, локалните власти се предомислија и сега наместо Музеј најавуваат „многу зеленило и убави содржини“ на самиот плоштад во Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *