Спорт

Официјално – Јани Атанасов потпиша за зелените крокодили, четири години во Брусаспор

Фудбалерот на Академија Пандев и младински репрезентативец на Македонија Јани Атанасов вечерва го официјализираше договорот со турски Бурсаспор. Како што дознаваме Атанасов за зелените крокодили стави потпис за следните 4 години и веќе од следната сезона најверојатно ќе биде во сениорскиот состав на овој турски суперлигаш

Последната превенствена сезона Бурсаспор го заврши на 13 место а последниве години беше дел и од европски натпреварувања. Пред седум години настапуваша и во Лигата на шампионите. 

Турски Бурсаспор важи еден од поорганизираните спортски клубови со соодветна инфраструктура. Има спортски комплекси но и стадион со капацитет од 50 илјади посетители

Ова е втор трансфер што го направи Академија Пандев кој е посветен на градење квалитетни фудбалери. Минатата година  од Академијата замина Кристијан Трапановски кој потпиша за Славија Прага

,,На Јани сите му посакуваме многу успеси во новиот клуб и понатамошната фудбалска кариера, а ние ќе продолжиме уште повеќе да вложуваме во младинските категории и со правилна работа и посветеност во иднина да создаваме играчи кои ќе бидат дел од најсилните фудбалски лиги. Вреди да се вложува во младинските школи и овде не застануваме, напротив тоа е голем поттик и мотив да продолжиме да докажуваме дека ФК Академија Пандев оди по вистинскиот пат!,, напишаа од Академијата

Препорачуваме:

Фото – Празник на одбојката во Струмица – Македонија Макс го доби првото дерби со Наковски Волеј

Ване Трајков

Македонија Макс лесно против Пелистер Волеј

Ване Трајков

МВП Струмица домаќин на завршниот турнир за титула во М-14