• Thu. May 16th, 2024

МВП Струмица домаќин на завршниот турнир за титула во М-14

ByВане Трајков

May 18, 2018

КК ,,МВП,, од Струмица ја доби организацијата на завршниот кошаркарски турнир за освојување на титулата во категоријата М-14. Фајл форот е закажан во вторник и среда идната недела и во спортската сала Парк ќе играт четирите најдобри екипи од досегашниот тек на првенството . Во вторник на 22.05 полуфиналните додека во среда 23.05 дуелите за третото  и првото место

Партизан Водно санс и Вардар од Скопје , Дино баскет од Кочани и МВП од Струмица се четирите клуба кои ќе атакуваат за Шампионскиот пехар за кошаркари во категоријата М 14. По овој редослед ги завршија регуларните кола

Во Вторник во 15 часот  МВП игра со Партизан Водно санс кој ја има фаворитската улога на овој турнир. Но струмичките деца водени од тренерот Петар Настев со подршка од трибините  може да направат изненадување и да се најдат во големото финале од турнирот што ќе преставува голем успех за клубот

Вториот полуфинален меч меѓу екипите на Вардар од Скопје и Дино баскет од Кочани ќе се игра во вторник во 18 часот. Поразените од двата дуела ќе играат за третото место додека победниците за титулата

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *