Спорт

ОК Струмица на чекор до Шампионската титула, по втор пат надигран Вардар

Одбојкарите на Струмица не си дозволија нова грешка на домашен терен како пред недела дена. Во третиот финален меч  за освојување на шампионската титула против Вардар во Партизан славеа со 3:1 во сетови.. Ова е втора победа на избраниците на Кире Ричлиев кои за да го кренат шампионскиот пехар им е потребна уште една.

Струмичани во првиот меч дома беа поразени со 3:0 при што на вардарци им дозволија пол позиција. Но во Скопје струмичани се надминаа себе си и од негатива од 2 сета стаса до лавовска победа на црвеноцрните славејки со 3:2.

Следното коло ОК Струмица му гостува на Вардар и со евентуална победа се враќа со нов шампионски пехар во најодбојкарскиот град во Македонија , во спротивно  новиот шампион ќе се бара во Струмица.

Препорачуваме:

Вечерва на Младост во Струмица , Македонија – Лихтенштајн

Скопје ќе биде домаќин на Европско првенство во планинско трчање

Ѓорги останува во турскиот „Мили Пјанго“ Никола во полски ,,ОНИКО,,