Спорт

Ѓорги останува во турскиот „Мили Пјанго“ Никола во полски ,,ОНИКО,,

Струмичкиот одбојкарски репрезентативец т Ѓорги Ѓоргиев, останува во Турција во тимот на Мили Пјанго од Анкара, каде е од 2015-та година.

„Битките во силната Tурска лига и европскиот Challenge Cup продолжуваат и во сезона 2017/2018. Ѓорги го продолжи договорот на уште една година со екипата на Maliye Piyango“ – пишува на фан страната на Фејсбук на браќата Никола и Ѓорги Ѓоргиеви.

Никола Ѓоргиев пак се прости од Јапонското првенство и тамошниот Торај и неодамна напиша дека се сели во Полска во ОНИКО Варшава.

Браќата се наѓаат на подготовки со македонската репрезентација за Европската лига каде противници се селекциите на Азербејџан, Албанија и Шведска. Првиот турнир е во Скопје од 16-18 јуни

Препорачуваме:

Пандевци заборавија како изгледа првенствена победа речиси половина година

Видео – Беласица ги стопи гипсарите со 3:1, пандевци славеа со автогол со 2:1

Младите од Астраион имаат потенцијал и Струмица ќе се гордее со нив, вели Пандев по дебитирањето во Првата лига