• Tue. May 14th, 2024

Пандевци заборавија како изгледа првенствена победа речиси половина година

Фудбалерите на Академија Пандев кои беа најголемото изненадување во есенскиот дел од шампионатот, продолжија со серијата лоши резултати без победи.  Денеска на стадионот Кукуш во Турново го претпеа  десетиот првенствен пораз.  Овој пат од Шкупи со резултат од 2:1. Гостите ги однесоа трите бода и ги смести пандевци во опасната зона на прволигашката табела

Како и досега така и на овој натпревар многу шанси но без конечна реализација за славје за нова разочараност кај посетителите. Противниците како во Турново така и на своите терени со лесни голови а пандевци мораат да се задоволуваат со реми или порази.

Анализата покажува дека Академија Пандев нема забележано првенствена победа речиси половина година иако од 3 декември лани до 15 февруари паузираа. 

Последна победа беше на  16 ноември  во рамките на 15 коло и тоа во гости . Славеа против Пелистер со 4:3. Од тогаш па наваму ако се исклучат победите во рамките на Купот и во зимските подготовки, пандевци како да заборавија што значи првенствено славје и освојување на цел бодовен плен.

Есента беа хит, сензација, гордост , на самиот врв од прволигашката табела и тоа веднаш зад Шкендија и Вардар но сега пулените на Горан Пандев, потфрлуваат и влегуваат во опасната зона во која треба да се борат за задржување на прволигашкиот статус.

Можеби ова серија лоши резултати, овој повеќемесечен пост се должи на повредите на одделни клучни играчи, немањето прволигашко искуство и настап претежно со младинци во првенствените настапи. Но струмичани,  лубителите на фудбалот, сакаат голови , очекуваат победи и враќање на старите победоносни патеки

По 28 кола првиот состав на Академија Пандев кој го предводеше Панче Стојанов а сега Југослав Тренчовски имаат 7 победи , 11 ремиа и 10 порази и со вкупно 32 бода се наоѓаат на седмата позиција.

Следното коло е во недела на 22 април, пандевци му гостуваат на фенерџијата Скопје. Ја имаат првата шанса да го прекинат постот и да го освојат целиот плен за да се избегне вториот дел од табелата, да се врати самодовербата, да ги израдува симпатизерите и навивачите.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *