Спорт

Кадетите на Астраион кои не знаат за пораз, се поблиску да играат за Шампионска титула !!!

Кадетите на РК Астраион од Струмица забележаа значајна победа во борбата за освојување на првата позиција во Групата 1 од кадетската лига на Македонија. Во Штип славеа против Текстилец со 24:20 тим кој се наоѓа на третата позиција. Ова е 15 победа за ,,астраионци,, кои дефинитивно не знаат за пораз и на големо го најавуват ракометот на голема врата во Струмица

Сега на младите ракометни надежи од Струмица им треба победа против лидерот Торо спорт на свој терен . Дуелот се игра престојниот викенд во салата Парк. Со победа над Торо спорт повеќе од еден гол разлика, струмичани ќе играат на завршнио турнир за титула. Инаку првиот дуел заврши во корист на Торо спорт во Виница со 21:20 што преставува единствен пораз за кадетите предводени од Димитар Пандев.

Доколку се освои првото место во групата, РК ,,Астрион,, има намера завршниот турнир за шампионската титула да го донесе во Парк во Струмица

 

Препорачуваме:

Недева и Божиновска се новите засилувања во ЖФК Тиверија

Ѓ. K.

Нема тим кој може да ја сопре Струмица – Доминантни и против Јанта во Скопје без изгубен сет

Ване Трајков

МВП Струмица домаќин на завршниот турнир за титула во М-14