Регион

Гевгелија објави повик за авионско прскање против комарци

Центарот за развој на Југоисточниот плански развоен регион го објави јавниот повик за авионско прскање на територијата на сите десет општини, кои се дел од ЈИПР.

Како што е познато, последниве години авионското прскање за заштита од комарци се организира на двапати и тоа истовремено на територијата на сите десет општини во ЈИПР.

Се очекува постапката за избор на изведувач да заврши до 25 мај, а првото авионско прскање да биде во првата половина на јуни.

Претходно општина Гевгелија самостојно ќе организира теренско прскање против ларви од комарци. Во соработка со Центарот за здравје во Гевгелија веќе е извршен увид на теренот и површините кои ќе бидат третирани. Наскоро се очекува и да биде изведено заштитното лавриско прскање против комарци, кое ќе биде изведено на територијата на целата општина.

Препорачуваме:

Интервју со Катерина Кузмановска директор на ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица

Тројца повредени откако патничко возило излетало од патот Вељуса Ангелци

Ване Трајков

По Струмица и Валандово го вклучува алармот.Струмичката болница за помалку од 5 години останува без 23 лекари специјалисти